Дигитален дизајн и развој

Од едноставна веб-страница до решение по мерка.

Дизајнираме и развиваме веб-страници, апликации и автоматизации за вашиот бизнис. Почнуваме со она што ви треба денес, без непотребно усложнување.

Проекти развиени од Oritia

Квалитетни решенија за потребите на вашиот бизнис.

Веб-страници и електронска трговија

Од целна страница до корпоративна веб-страница или онлајн продавница. Јасно, внимателно осмислено дигитално присуство, приспособено на вашите потреби.

  • Целни страници
  • Корпоративни веб-страници
  • Електронска трговија

Веб-развој

Веб-страница приспособена на вашиот бизнис.

Дизајнираме и развиваме веб-страници според вашите потреби, од претставување на бизнисот до додавање повеќе јазици, функции и интеграции. Секој проект го дефинираме заедно со вас пред да почнеме. 

  • Дизајн приспособен за мобилни телефони, таблети и компјутери.
  • Развој на повеќејазични веб-страници.
  • Вклучување и организирање текстови и слики.
  • Функции и интеграции според потребите на бизнисот.
  • Техничко поставување и пуштање во употреба.
  • Правни текстови за веб-страницата, приватност и колачиња.
  • Услуги за сајбер-безбедност за вашата веб-страница.

Јасен процес од почеток до крај.

  1. Ни кажувате што ви треба.

    Ги запознаваме вашиот бизнис, целта на проектот и проблемите што треба да ги реши.

  2. Ја подготвуваме понудата.

    Пред почетокот ги договараме обемот на работа, буџетот и рокот.

  3. Дизајнираме и развиваме.

    Го изработуваме решението и заедно со вас ги проверуваме договорените фази на работа.

  4. Објавуваме и предаваме.

    Го подготвуваме пуштањето во употреба и ги утврдуваме пристапите, испораката и договорената поддршка.

Кажете ни што ви треба.

Веб-страница за почеток, алатка за вашиот тим или идеја што сакате да ја развиете. Опишете ни ја вашата ситуација и заедно ќе го одредиме следниот чекор.

Податоци за вашето барање